Првиот човек на НАТО кон Путин: Подготвени сме…

„Путин, мојата порака е јасна: запрете ја војната во Украина, запрете ја ескалацијата на војната“, нагласи Руте, додавајќи дека сега оваа војна е против невини цивили и цивилна инфраструктура.

од Vladimir Zorba
643 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по упадот на руски беспилотни летала во Полска, изјави дека е во тек целосна проценка на ситуацијата.

Тој исто така нагласи дека „без разлика дали било намерно или не, апсолутно, безгрижно, апсолутно е опасно“.

„Путин, мојата порака е јасна: запрете ја војната во Украина, запрете ја ескалацијата на војната“, нагласи Руте, додавајќи дека сега оваа војна е против невини цивили и цивилна инфраструктура.

„Престанете да го нарушувате воздушниот простор на сојузниците. Знајте дека сме подготвени, дека сме будни и дека ќе го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО“, додаде Руте во својата порака до рускиот претседател.

Тој рече дека го смета синоќешниот одговор на НАТО за „многу успешен“.

„Секогаш мора да се осигураме дека сме еден чекор понапред, но мислам дека синоќа покажавме дека сме способни да ја браниме секоја педа од територијата на НАТО, вклучувајќи го, секако, и нејзиниот воздушен простор“, заклучи Руте.

Слични содржини