Земјотрес со интензитет од 3,8 степени според Рихтеровата скала, утрово ја погоди Македонија.
Земјотресот е регистриран во 6:35 часот наутро, на 16 километри источно од Центар Жупа, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за предизвикана материјална штета или повредени.