Мендух Тачи, лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), во интервју за косовската телевизиаја „Т7“ изразил оптимизам дека кандидатите на ВЛЕН за градоначалници, Изет Меџити во Чаир и Биљал Касами во Тетово, ќе победат на локалните избори.
„Ќе победат дури и без гласовите на ВМРО-ДПМНЕ“, порачал Тачи.
Пратеникот и лидер на ДПА се сеќава дека на последните парламентарни избори, Меџити и Касами го победија Европскиот фронт со над 2500 гласови во Чаир и со над 800 гласови во Тетово.
„Ние бевме Фронтот, а Изет имаше 2.500 гласови повеќе. Во Тетово, нè победија со 900 гласови повеќе. Нема дискусија…“, кажал Тачи.