„После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се издига на клоци“, реагира на социјалните мрежи, Драган Ковачки пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнува во својата оценува дека има класични прекршувања на законите и злоупотреби за кои досега морало да има обвинение.
„Мора да се расчисти со филм-мејкерите на чело со нивните наредбодавци. Холивуд може вода да носи! Не смее да има застарување на предметите под плаштот на класифицираност на постапки, а не смее да има и јавно објавување и ,,забава за народ” заради легалноста на постапката.
Поради природата и сензитивноста на состојбите, имајќи во предвид дека сум обврзан, нема да зборувам повеќе“, пишува Ковачки.
По вчерашната посетата на АНБ, членови на надлежното собраниско тело денеска беа во Агенцијата за разузнавање да извршат надзор по наводите за нелегално прислушување. Власта бара одговорност, а опозицијата декласификација на документацијата. Од СДСМ остануваат на ставот дека треба да се направи декласификација на материјалите, како што изјави пратеничката Славјанка Петровска, во интерес на јавноста. Во спротивно вели таа, скандалот ќе служи за политичко препукување меѓу партиите. Одговор ќе бара и за смената на шефот за внатрешна контрола.
Претходно, Собраниската комисија за надзор на тајните служби едногласно го усвои заклучокот за посета и увид во работата на АНБ. Со Седницата претседаваше Блерим Беџети од ДУИ, кој исто како и претседателот на комисијата Скендер Реџепи-Зејд не поседува безбедносен сертификат за класифицирани материјали. Најголем дел од опозициските пратеници немаат дозволи за пристап до тајни документи. На ова реагираа и од Левица.