Дилер голтнал амфетамин за да не биде фатен од полицијата

Полициски службеници извршиле контрола на такси возило во кое бил пријавениот

од Nikola Popovski
20 прегледи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 20.08.2025 во с.Драгобраште, виничко, полициски службеници извршиле контрола на такси возило во кое бил пријавениот, при што во обид да побегне фрлил марихуана и проголтал две таблети амфетамин.