Касами: Добивме информации од пријатели од соседните држави дека имало обид за да се ангажираат некои луѓе да се запали џамијата на Попова Шапка

Има информации дека во предизборниот период има тенденции да се создадат меѓуетнички конфликти на целата територија, рече Касами

од Nikola Popovski
420 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на Биљал Касами

Градоначалникот на Општина Тетово и кандидат за нов мандат, Биљал Касами вчера порача дека „има информации дека во предизборниот период има тенденции да се создадат меѓуетнички конфликти на целата територија, особено во западниот дел на државата“.

Според него, посебен акцент се става на Тетово.

-Добивме информации од наши блиски пријатели од соседните држави дека имало обид за да се ангажираат некои луѓе односно групи да се запали џамијата на Попова Шапка. Тоа ќе биде доволен индикатор дека нешто не е во ред во државата. Затоа ние ги собираме сите вакви информации и во следниот период ќе ги споделиме со нашите партнерски држави затоа што како членка на НАТО, секој ризик на безбедноста во Македонија е ризик на безбедноста на една држава членка на НАТО. Токму затоа сите држави кои се претставени во Mакедонија преку нивните амбасади се заинтересирани за да ни помогнат и да не дозволиме во овој предизборен период некои политички фактори да ги користат овие елементи за политички придобивки“, изјавил градоначалникот.

Според Касами, има соработка со безбедносните служби со цел да се превенираат било какви инциденти.