Тешка сообраќајка со жртви на патот Штип-Радовиш

Според првичните информации, има починати и повредени лица

од Nikola Popovski
286 прегледи Фото: Принтскрин

Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш. Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска река. Според првичните информации станува збор за странски работници од Бангладеш, кои биле работно ангажирани за струмичка фирма. Повредени се и еден работник и возачот на комбето.

На терен се две возила на итната медицинска помош, тим од пожарникарите на штипската противпожарна бригада и полициски службеници од полициската станица во Штип.

Во текот на денот се очекуваат детали за оваа тешка сообраќајна несреќа.