На Мицкоски му се криви „центри на моќ во и надвор од земјава“ за пожарите, но на крајот „ќе победел“

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека пожарите што се случуваат во државата се организирани од центри на моќ од државата и надвор, за што, како што нагласува, има информации од службите

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека пожарите што се случуваат во државата се организирани од центри на моќ од државата и надвор, за што, како што нагласува, има информации од службите.

-Сакам да упатам апел и до граѓаните дека вакви подметнувања и диверзии ќе има и во периодот кој што следи, затоа што има центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее. Ние ќе се бориме. Тие ќе продолжат да подметнуваат, ќе продолжат да креираат, да лешинарат, а ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање во Трубарево, каде вчера избувна пожар во објект со електронски отпад.