Немам информации во однос на најавената резолуција на СДСМ, но постојат два елементи кои се очигледни. Едно, тајмингот е симптоматичен. Јас се согласувам дека треба да изградиме единствен став, тогаш нашата меѓународна позиција ќе стане посилна. Но, не мислам дека моменти на вистинска зрелост се моменти пред избори, порача поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.
Димитров во гостувањето во Дневникот на Сител, комнтирајќи ја резолуцијата на СДСМ со која ќе се одредат „црвените линии“ на земјава, напомена дека мора да има процес на консултации, да се вклучат и експерти, или експерти на партиите.
-Немам информации околу содржината на резолуцијата, мислам дека уште нема ништо излезено во јавноста. Има два елементи кои прилично се очигледни за оваа иницијатива на СДСМ. Едно, тајмингот ми е симптоматичен, ние сме пред локални избори. Јас се согласувам дека пред локалн избори, иако се зборува дека ни е потребен единствен став, јас се согласувам со тоа. Ако ние успееме да изградиме единствен став, нашата меѓународна позиција ќе стане посилна. Мислам дека е време да покажеме таква зрелост, меѓутоа тајмингот ми е симптоматичен. Знаете каква е атмосферата пред избори. Начинот како ќе дојдеме до тој единствен став не е преку најавување резолуција. Мора да има процес на консултации, нека се вклучат и експерти, или нека го работат тоа експерти на партиите. Не мислам дека моментите на висока зрелост се моменти пред избори, рече Димитров.
Според Димитров, СДСМ заедно со ДУИ во тогашната влада ја доведоа ситуацијата Бугарија да е волку комотна, да се чувствува дека победила, иако, како што рече, таа победа може да биде пирова.
-Слаба ни е разбирачката. Мислам дека спор меѓу два соседи не може да се реши со победа или пораз, мора да има компромис, рече Димитров.
Како што подвлече, чекорот кон единствен став е тоа што го направи ЛДП, и тие да се приклонат кон ставот за уставни измени со одложено дејство.