ВЛЕН: Екс-министерот на ДУИ Нуредини ја дал дозволата на складиштето во Трубарево

ВЛЕН истакнува дека Бујар Османи е во, како што велат, „тежок зорт кога почна да си ги мести и своите сопартијци, во овој случај неговиот довчерашен колега Нуредини“

од Nikola Popovski
102 прегледи Фото: Фејсбук профил на Насер Нуредини

ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на складиштето за електронски отпад во Трубарево, отпад што се наоѓа во населено место, веднаш до градот Скопје. Потписот на дозволата за работа на овој ризичен отпад е на министер, личен избор на Али Ахмети и близок и личен другар на Бујар Османи, велат од коалицијата ВЛЕН преку соопштение.

ВЛЕН истакнува дека Османи е во, како што велат, тежок зорт кога почна да си ги мести и своите сопартијци, во овој случај неговиот довчерашен колега Насер Нуредини.

-ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на објектот во Трубарево, отпад што се наоѓа во населено место, веднаш до градот Скопје. Потписот на дозволата е на министер, личен избор на Али Ахмети и близок другар на Бујар Османи. ДУИ 20 години раководеше со екологијата во државата. За тие две децении создадоа депонија во центарот на Тетово, депонија во центарот на Кичево, депонија веднаш до Струга, како и десетици депонии околу Скопје, додаваат од коалицијата.

ВЛЕН истакнува дека „ако денес Скопје се гуши во чад и отрови, тоа е директна последица на нивното партиско владеење и нефункционалност на институциите под нивна контрола“.

-Додека граѓаните живееја во загаден воздух и отровна почва, функционерите на ДУИ купуваа трговски центри, фотоволтаични централи и нафтени бизниси. ДУИ нема право да зборува за екологија. Тие се симбол на партизација, корупција и урбан хаос. Граѓаните на 19 октомври ќе кажат стоп на оваа политика и ќе изберат власт што ќе ја врати чистата животна средина, ќе ги затвори дивите депонии и ќе воведе ред во управувањето со отпадот, стои во соопштението од коалицијата.