Ѓорѓиевски: Утринава запалени два сервиси за возила во Стаклара

Ѓорѓиевски сподели дека после целовечерна борба со три пожари во Скопје, испил утринско кафе со командирот на Противпожарната бригада

од Nikola Popovski
310 прегледи

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски утрово во објава на социјалните мрежи сподели дека после целовечерна борба со три пожари во Скопје, испил утринско кафе со командирот на Противпожарната бригада, Звонко. За пожарникарите вели дека се вистински чувари на градот и наши херои.

„Во продолжение на неколкудневните пожари во градот, оваа ноќ во 04:00 часот беа запалени два сервиси за автомобили во Стаклара. Благодарение на брзата реакција на противпожарната бригада, пожарот е целосно згаснат“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека иако има материјална штета, за среќа нема повредени и жртви.

„Ова што се случува е повеќе од случајност, ова е алармантно! Некој упорно го потпалува градот, а за тоа ќе мора да има одговорност, порача Ѓорѓиевски.