Италијански суд ја одобри екстрадицијата на Украинецот Сергеј К, осомничен за координирање на напади врз гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море во 2022 година.
Според пресудата, која ја виде Ројтерс, осомничениот ќе биде екстрадиран во Германија, но неговиот правен тим најави понатамошна жалба пред Касациониот суд, највисокиот суд во Италија, објави Ројтерс.
Сергеј К, кој беше уапсен минатиот месец во близина на италијанскиот крајбрежен град Римини врз основа на европска потерница, се соочува со обвиненија, вклучувајќи саботажа и уништување на важни објекти.