Џелили: Албанците добро знаат дека ОВК се бореше против геноцид и за слобода, а тоа го потврди и интервенцијата на НАТО

-Кога се вели дека Македонија би била најчувствителна, најверојатно се мисли на етничката разновидност и на тоа дека тука живее значителен број Албанци кои со внимание го следат процесот во Хаг, вели Џелили за судскиот процес против екс-водачите на ОВК

од Nikola Popovski
29 прегледи Зуди Џелили/Фото: Принтскрин

Не смееме да заборавиме дека токму Србија изврши геноцид врз косовското население, а ОВК се бореше за слобода и достоинство. Врв на таа борба беше интервенцијата на НАТО, која ја запре хуманитарната катастрофа. Како и да биде пресудата, таа ќе има големо влијание врз иднината на Косово, и во внатрешната политика, и во процесот на интеграции во европските и евроатлантските структури, вели аналитичарот Зуди Џелили за судењето во Хаг против четворицата поранешни водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи.

За констатацијата дека евентуална пресуда против лицата би значело дестабилизација на Балканот, особено во Македонија, Џелили во изјава за „Локално“ вели дека Балканот има чувствителна историја и секоја политичка или судска одлука може да предизвика силни емоции.

-Кога се вели дека Македонија би била најчувствителна, најверојатно се мисли на етничката разновидност и на тоа дека тука живее значителен број Албанци кои со внимание го следат процесот во Хаг. Албанците добро знаат дека ОВК се бореше против геноцид и за слобода, а тоа го потврди и интервенцијата на НАТО. Сепак, тоа не значи автоматска дестабилизација. Вистинскиот предизвик е како институциите, политичките партии и меѓународната заедница ќе реагираат. Со зрелост и одговорност, тензии може да се амортизираат и да се зачува стабилноста во земјата и регионот, нагласува Џелили.

Македонија како „најслаба точка“ доколку Хаг ги осуди лидерите на ОВК: „Дестабилизирачко сценарио само ако во позадина постои претходно договорена агенда за продолжување на планот за промена на границите“