Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, реагира дека е шокантно и неприфатливо што државата не обезбедува поддршка за „Бушав буквар” продолжение на „Бушава азбука. Тој најавува дека во следниот мандат ќе направи сè што е потребно за проектот да продолжи да живее.
„Шокантно и неприфатливо е што државата не дава поддршка за еден од најсилните македонски брендови – ‘Бушава азбука’. Мора да направиме сè ‘Бушава азбука’ да продолжи да постои, за доброто на сите идни генерации. Ако навистина го цениме јазикот, културата и идентитетот, тогаш сè започнува токму со промоција и развој на овој бренд“, истакнува Герасимовски.
Тој ветува дека во следниот мандат, лично како градоначалник, но и Општина Центар под мое водство, ќе направиме сè за да обезбедиме целосна или делумна поддршка овој проект да се реализира.
„Нема ништо позначајно од вложувањето во образованието на децата, а истовремено и градењето на љубовта кон македонскиот јазик, култура, идентитет и книжевност“, порача градоначалникот.