Во Македонија во 2025 година правата на работниците „системски се кршат“. Ова стои во најновиот Глобален индекс за работнички права на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC). Земјава е во групата на повеќе земји како африканските Мали, Мавританија, Танзанија, но и европските Србија, Унгарија, Велика Британија. Покрај нив, во истата група на земји се најдоа и САД.
Во споредба со лани, земјава се најде во истата група како земја каде што системски се кршат правата на работниците.
Оваа година, името на Македонија се најде и во делот од Извештајот каде што пишува за „најлоши услови откако Глобалниот индекс ги утврдува состојбите“.
-Властите во Белгија, Финска и Франција продолжија со репресиите врз работниците што штрајкуваат, додека владите во Албанија, Унгарија, Молдавија, Црна Гора и Обединетото Кралство ги злоупотребија законските овластувања со прекумерно проширување на дефиницијата за „основни услуги“ за да го ограничат правото на штрајк. Во Грција, Унгарија, Србија, Швајцарија и Турција, компаниите активно ја поткопуваа синдикалната активност на штета на вработените. Оваа антиработничка клима, исто така, доведе до појава на „жолти синдикати“ доминирани од работодавачите во Ерменија, Грција, Холандија, Молдавија и Северна Македонија, стои меѓу другото.
10-те најлоши земји за работниците во 2025 година се Бангладеш, Белорусија, Еквадор, Египет, Есватини, Мјанмар, Нигерија, Филипините, Тунис и Турција, покажува најновиот Извештај.