Шефот на МИ6 за Украина: Путин си игра со нас, нема интерес да постигне мир

„Тој сака да ја наметне својата империјалистичка волја со сите средства што му се на располагање. Но, не може да го стори тоа“, рече Мур.

од Vladimir Zorba
25 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/АПТ

Шефот на британската разузнавачка агенција МИ6, Ричард Мур, во петокот изјави дека „не гледа докази“ дека рускиот претседател имал интерес да постигне договорен мир во Украина

Мур за Путин рече дека „си игра со нас“.

Во говорот во Истанбул, каде што објави планови за користење на темната мрежа за регрутирање информатори и добивање разузнавачки информации од агенти во Русија и низ целиот свет, Мур исто така рече дека Путин ги потценил Украинците во војната и „гризнал повеќе отколку што можел да изџвака“.

„Тој сака да ја наметне својата империјалистичка волја со сите средства што му се на располагање. Но, не може да го стори тоа“, рече Мур.

„Путин, искрено, гризна повеќе отколку што може да изџвака. Мислеше дека лесно ќе победи. Но, тој и многу други ги потценија Украинците“, додаде шефот на МИ6.