Според политичкиот аналитичар, Благојче Атанасоски, секоја партија и коалиција во една демократија има право да кандидидира кого сака, согласно законските можности кои и го дозволуваат тоа. Смета дека, веројатно, изјавата на премиерот Христијан Мицкоски е дадена во бес, бидејќи де факто со кандидирање на кандидати за градоначалници на Левица во општините во западна Македонија, каде што немаат свои кандидати ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, Левица ќе порасне и во гласови и во очите на етничкомакедонското население, за сметка на двете доминантни партии од т.н македонски блок.
Запрашан дали смета дека реално е возможна соработка меѓу Левица и ДУИ иако двете партии се две крајни спротивности, соговорникот е категоричен дека не е можно такво нешто.
-Станува збор за внатрешни партиски калкулации на Левица да си го зголеми гласачкиот потенцијал и во Западна Македонија и низ републиката. Апсолутно овие две партии се на крајните спротиставени ставови со отворена омраза помеѓу нив. Во Македонија точно е дека сите коалицирале меѓу интерес, се покажало тоа во овие 35 години на повеќе партиска демократија, но отворена соработка меѓу Левица и ДУИ е невозможна, бидејќи значително ќе влијае на нивниот партиски рејтинг и врз нивното гласачко тело, вели Атанасоски во разговор за „Локално“.