Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Тој истакна дека европскиот процес е еден од врвните приоритети на Владата и додаде дека истото се докажува со денешниот брифинг, каде се презентирало до каде сме и она коешто планираме да го преземеме во иднина. Петрушевски нагласи дека претходната влада на СДС и ДУИ го закочила овој процес со прифаќање на апсурден француски предлог, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Претходната влада на СДСМ ДУИ го закочија овој процес прифаќајќи еден апсурден француски предлог којшто ни ги закочи преговорите“, дециден е Петрушевски.
Пратеникот Петрушевски укажа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи со цел да ја надмине блокадата којашто ја затекнале од претходната влада. Тој додаде дека потребно е со национално достоинство и заштитен идентитет да се надминат пречките и да имаме еден нормален, предвидлив процес на евроинтеграција.
„Она коешто ние го работиме е да најдеме начин да го надминеме тој процес. Да ја надминеме таа блокада во којашто ја затекнавме од претходната влада, да најдеме начин како со национално достоинство, заштитен идентитет и гордост да ги надминеме тие пречки и нормално преку Копенхашките критериуми да ја донесеме Европа тука и да имаме еден нормален, предвидлив процес на евроинтеграција, како што го имала впрочем секоја држава којашто претходно пристапувала“, рече Петрушевски.