Полициски службеници од ПО Групчин, вчера го лишиле од слобода Н.И.(70) од селото Чифлик. Тие постапиле по претходна пријава дека тој, додека ја чистел неговата нива на местото викано „Ливада“ на стариот пат од село Чифлик за село Ларце, ја запалил собраната сува трева и предизвикал пожар, кој потоа бил изгаснат.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.