Иако е јасен победникот на овие локални избори, ние веќе правиме план за денот потоа бидејќи денот потоа ќе значи силна Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалициајата и огромен број општини поредводени од владината колицијата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој, о поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Општина Зрновци, одговорајќи на новинарско прашање, напомена дека размислуваат најмногу за денот по изборите.
-Се трудам пораките што ги испраќам да се пораки над ситуација, да се пораки на смирување. Избори се, логично е да постои искра во одредени општини низ Македонија. Би било нелогично ако не е така. Размислуваме за денот по изборите, рече премиерот.
Тој напомена дека е задоволен од предложените кандидати за градоначалници, посочувајќи дека дека се труделе да бидат објективни и врз основа на она со кое располагале, како информации, да донесат најдобра одлука.
Мицкоски е на ставот дека има доверба во секој еден од предложените кадровски решенија.
-Имам доверба дека ќе покажат вонредни резултати. Тука сме ние секојдневно да ја мониторираме нивната работа и доколку гледаме дека имаме намалување на динамиката и темпото на реализцијата на политиките кои се ветени спрема граѓните, да ги опомене. Така што никој не е вечен и никому ништо не е загарантирано и однапред априори дадено. Секој ќе мора да се потруди максимално, мора тоа што се ветува пред граѓаните и да се испорачува, рече Мицкоски.