Граѓаните и јавноста се збунети. Кога го слушаат Бујар Османи добиваат впечаток дека тој е во заблуда дека се кандидира на претседателски, а не на локални избори. А тој бидејќи никогаш немал контакти со жителите на Чаир, а реално не му се познати надлежностите на општината, бара сламка за спас во национални теми, соопштија денеска од ВРЕДИ.
-Членството на ВЛЕН ќе иницира донаторска акција за купување детектор за лаги кои треба под итно да се инсталира во Мала Речица. Количеството на лаги кои ДУИ ги пласира на секој нивен јавен настап е толку дрско, што со право јавноста се сомнева дека почнале да веруваат во сопствените измислици, што како синдром влегува во доменот на медицинската наука, се наведува во нивното соопштение.
Според ВРЕДИ, лага е дека ДУИ е единствен легитимен претставник на Албанците, посочувајќи дека на престојните локални избори ДУИ најголемиот број на Албански општини ги отстапи на други кандидати.
-Лага број 2: Обзнанувањето на соработката на ДУИ со Левица наводно биле очајнички конструкции со кои се подготвувало членството на ВЛЕН за пораз. Зошто Бујар Османи бара одговорност од Изет Меџити за пожарите на депониите, а свесно и со умисла ја заборави Данела Арсовска која има директна надлежност врз депониите? Чиј почесен конзул беше Данела Арсовска и каква улога имаа Никола Груевски и Блерим Беџити во нејзиниот оркестриран напад врз Чаир? Дали соработката на ДУИ и Левица во Град Скопје сега е проширена и надградена и во Албанските општини? Лага број 3: Селотејп коалицијата на Ахмети, Таравари и Села е најголемото обединување на Албанците во последните 20 години. Дали обединувањето на овие тројца исклучиво со цел затскривање на корупциските скандали со Соравија, Ѓока Констракшн и Дала Давидович и многу други афери, може некој да помисли да ги претставува како Албанско обединување, посочуваат од ВРЕДИ.
Според ВРЕДИ, жално е да се гледа една партија како ДУИ да паѓа на вакво „дереџе“.
-Но, Македонија видела и други вакви примери, особено кога се распадна историското ПДП. Со вакво поведение Бујар Османи навистина придонесува локалните избори да станат референдум – против ДУИ, потенцираат од ВРЕДИ.