ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица

Според ВМРО-ДПМНЕ, парите од сметката на Левица по разни основи завршиле кај тесното раководство на партијата

од Nikola Popovski
22 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение тврди дека Левица на прес-конференција практично признаа дека податоците добиени од свиркачи за парите кои од сметката на партијата завршиле во џебови на тесното раководство се точни. Според партијата на власт, парите од сметката на Левица по разни основи завршиле кај тесното раководство на партијата.

„Мојсоска која самата изнесе информација дека била сметководител на Левица требало да знае дека доколку ја говори вистината, актот е противзаконски.

Правниците од Левица би требало да знаат дека во Законот за пратениците јасно е наведено:

– Член 4: „Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално.“

– Член 5: „Пратеникот нема право да врши други јавни функции или професии, кои согласно со закон се неспојливи со функцијата пратеник.“

– Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“

Законот е јасен Јована Мојсоска како пратеник, не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Доколку е вистина улогата на сметководител, Мојсоска сериозно го прекршила Законот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Левица бегајќи од вистината се заплетка во сопствените шеми за извлекување на партиски средства за лични потреби на раководството.

-Вистината излезе на виделина,  Левица под закрила на идеологија, чесност и приказни за неподмитливост испумпува пари на личните трансакциски сметки.

Пропагандата на Левица за чесност и неподмитливост се претвори во параван зад кои се испумпуваат пари. Вистината е на виделина, Левица не е имуна на корупција и не се бори против неа, туку е дел од неа, стои во партиското соопштение од „Белата палата“.

Слични содржини