Во периодот од јануари до јуни 2025 година, вкупно 474 мажи извршиле кривични дела. Од нив, 310 извршиле телесна повреда, 147 загрозување на сигурноста, а еден извршил убиство во обид, соопштија од МВР за „Локално“.
Во овој временски период, имало вкупно 512 извршени вакви кривични дела и од жени и од мажи. Вкупно 55 жени извршиле кривични дела во овој временски период.
За време на кривичното дело, 80 извршители биле под дејство на алкохол, а 176 биле растроени.

Табеларен приказ за извршени кривични дела. Извор: МВР
Кривичното дело четворица го извршиле со огнено оружје, 62 со ладно оружје, а 420 со физичка сила или закана.
Б.Т.