Поради трка утре посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници

од Nikola Popovski
36 прегледи

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 23.09.2025 (вторник) во периодот од 17:30 до 21:00 часот поради одржување на трка која ќе започне од пред Основното училиште „Кочо Рацин“, потоа десно по ул.„Тодор Александров“, десно по ул.„Партенија Зографски“ и десно по ул.„Ацо Караманов“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Слични содржини