Тепачка на паркинг кај Клинички по сообраќајна несреќа

Настанот се случил на паркинг просторот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“

од Nikola Popovski
34 прегледи Фото: Принтскрин/ТВ 21

Вчера околу 9:00 часот на паркинг простор во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода, едно лице физички нападнало 39-годишен маж од с. Џепчиште, Тетовско, информираат од полицијата.

Настанот бил пријавен во 11:50 часот во СВР Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.