Почнува дводневен скрининг на населението во Трубарево и околината

Предвидено е скринингот да опфати комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни прегледи

од Nikola Popovski
21 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/О2 Иницијатива

Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, организира дводневен скрининг на населението во Трубарево, по неодамнешниот пожар во објект за електронски отпад. Скринингот ќе се реализира во текот на денов и утре – 24 и 25 септември, информираа вчера министерот Азир Алиу и директорот на Клиниката, Оливер Зафировски.

– Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за пулмологија со две амбулантни возила. Прегледите се наменети за сите заинтересирани од Трубарево и од околните населени места, а особено за лицата кои чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми кои укажуваат на заболувања на дишните патишта, појасни министерот Алиу.

Предвидено е скринингот да опфати комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни прегледи.

Состојбата со квалитетот на воздухот во Трубарево е нормализирана. Основците од четири училишта се вратија на настава со физичко присуство. Јавното обвинителство ја продолжува истрагата.