Трајчевски за обвинувањата на Левица за новото упатство за локалните озбори: Законот е таков каков што е, мора да го почитуваме

-Ние упатството го донесовме по заеднички координации и консултации со сите институции кои се задолжени за спроведување на изборниот процес - Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната Комисија за спречување на корупција, рече Трајчевски.

од Vladimir Zorba
68 прегледи Фото: Локално

Констатирано е дека постојат недоречености во изборниот законик и известен е претседателот на Собранието. Оваа категорија на партии кои имаат 6 пратеници и пратеничка група не е предвидена во Законот, но ние мора да го почитуваме таков како што е, посочи денеска директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски.

Тој на денешната седница во одговор на новинарско прашање, околу забелешката на Левица за новото упатство на АВМУ за локалните избори, дека наводно ќе бидат оштетени за 400.000 евра и ќе им се оневозможи пристап до националните медиуми, рече дека нацрт упатството е такво какво што е, затоа што е таков законот изборен.

-Ние упатството го донесовме по заеднички координации и консултации со сите институции кои се задолжени за спроведување на изборниот процес – Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната Комисија за спречување на корупција, рече Трајчевски.

Напомена дека констатирале оти постојат слабости во Изборниот законик и затоа го известиле претседателот на Собранието за овие недоречености.

-Самиот процес на измени на законот, беше блокиран, и Советот на Агенцијата и јас како директор немаме друга можност, освен да го почитуваме Законот, таков каков што е сега во моментот, додаде тој.

Како што посочи, оваа категорија, на овие партии кои што имаат 6 пратеници и имаат пратеничка група, не е дефинирана во Законот.

Трајчевски додаде дека не постои таква категорија во актуелниот изборен законик и измена на упатството без промена на иборниот законик не е можно.

-Ние не сме среќни што е тоа така, меѓутоа Законот е таков каков што е и ние мора да го почитуваме, рече Трајчевски.

Б.Т.