Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека во текот на вчерашниот ден хигиеничарите од општината со новата механизација за чистење го собраа целиот смет од улиците во Центар.
„Целиот смет е собран од центарските улици. Нашите вредни хигиеничари вчера чистеа и во населбата Кале, а потоа со цистерна ги миеја улиците. Самите го исчистивме Центар, додека Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена” го преплавија цело Скопје со смет. Им благодарам на хигиеничарите што секојдневно се на терен, неуморно работејќи за наша почиста општина”, рече Герасимовски.