Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека соборувањето на руски борбени авиони што влегуваат во воздушниот простор на НАТО и Европската унија е опција што се разгледува.
„Мојот став е дека мора да го браниме секој квадратен сантиметар од територијата, а тоа значи дека доколку има упад во воздушниот простор, по предупредување, откако сме биле многу јасни, секако, опцијата за соборување на борбен авион што влегува во нашиот воздушен простор е на маса“, изјави Фон дер Лајен во интервју за CNN.
Претседателката на Европската комисија, исто така, изјави дека Русија ја „тестира“ Европа „на сите фронтови“.