ВМРО-ДПМНЕ: Кандидати за советници од СДСМ од Струмица крвнички тепаат странски државјани

ВМРО-ДПМНЕ ги посочи имињата на Илија Стојанов и Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДСМ во Струмица

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

ВМРО-ДПМНЕ утрово соопшти дека кандидати за советници од редовите на СДСМ од Струмица крвнички тепале странски државјани. Оттаму ги посочија имињата на Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДСМ во Струмица, како и Илија Стојанов.

Друг таков пример, според партијата на власт, е и градоначалникот тепач од Крива Паланка, за кој што велат дека, освен што е насилник исто така ја злоупотребувал и службената положба и овластување.

-Сашко Митовски, градоначалникот на Крива Паланка, во слободно време во видно алкохолизирана состојба се однесувал како шериф и тепал припадник на МВР. Долга е низата на насилници од редовите на СДС. Таков случај е и советникот Аки Акимов од СДС кој делеше тупаници во Советот на Кочани и јавно се закануваше. Акимов може да се види во прегратките на Венко Филипче на фотографии, но Филипче не се огради ниту од овој случај на насилство.

Филипче јавно да се огради од насилниците кои се дел од структурите на СДС. Насилниците во редовите на СДС се традиција, истакнаа од најголемата владеачка партија, додавајќи дека на Струмица и се потребни промени, а не насилници кои се служат со примитивни методи.