Нема лажни историски факти во Резолуцијата, да не се извртуваат тезите – му порачаа од СДСМ на Мицкоски

„По објавената Резолуција со црвените линии, добро е што ниедна од партиите, ниту ВМРО-ДПМНЕ, не ги отфрла црвените линии ниту чекорите од планот кој го предложи СДСМ“, велат од „Бихаќка“

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

По објавената Резолуција со црвените линии, добро е што ниедна од партиите, ниту ВМРО-ДПМНЕ, не ги отфрла црвените линии ниту чекорите од планот кој го предложи СДСМ. Во овој контекст, уште еднаш нагласуваме дека самата Резолуција е во заеднички национален и државен интерес, ги содржи сите потребни одредници за заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и култура и предвидува јасни државни позиции и чекори во однос на евроинтегративниот пат, велат од СДСМ за предложената Резолуција со црвени линии за одблокирање на европскиот пат на Македонија.

Што се однесува до коментарите на премиерот Христијан Мицкоски за „лажни и неточни историски факти“, од СДСМ велат дека јасно укажуваат како такво нешто во Резолуцијата нема.

-Напротив, во неа се вградени прецизно, фактографски и историски, сите претходни резолуции и историски датуми во прогресот кон Европската унија, и нема ништо непрецизно. Порачуваме дебатата на оваа тема во иднина да продолжи конструктивно – на никој не му оди во прилог да се извртуваат тезите или да се укажува на неточности кои реално не постојат.

СДСМ, како што вчера соопшти и претседателот Филипче, е отворен за сите конструктивни забелешки на партиите и сите политички чинители. Време е конечно да изградиме национален консензус во интерес на сите граѓани и да покажеме зрелост дека партиите може да соработуваат кога се во прашање повисоки цели и иднината на државата. Граѓаните од партиите очекуваат дијалог и соработка кога станува збор за нивната иднина. СДСМ е подготвен на тоа, стои во соопштението од „Бихаќка“.

Премиерот вчера со низа забелешки за предлог резолуцијата, има факти и лаги, фалсификувани датуми. Мицкоски најави дека документот на СДСМ може да биде подлога, но има многу што да се додаде како инпут, по изборите најави дека ќе биде формирана македонска резолуција со која ќе се заштитат националните интереси…

Мицкоски со став дека нема доволно време да навлегува во детали на документот што СДСМ ќе го достави до Собранието, за него ќе се дискутира по изборите. Сепак, според него, има неколку работи кои би можеле да придонесат за квалитетот на самата резолуција, но, вели, има и фалсификати на датуми, поради што, посочува дека типично е за СДСМ да фалсификува.