Германска влада: Руските изјави за НАТО покажуваат недостаток на интерес за мир

„Ова е дел од познат модел... покажува дека очигледно нема интерес од руска страна за деескалација на овој конфликт или за барање решение или мир“, изјави портпаролот на прес-конференција, објави Ројтерс.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Обвинувањата од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека НАТО бара војна против неговата земја го истакнуваат недостатокот на интерес на Москва за постигнување мир во Украина, изјави денес портпаролот на германската влада.

„Ова е дел од познат модел… покажува дека очигледно нема интерес од руска страна за деескалација на овој конфликт или за барање решение или мир“, изјави портпаролот на прес-конференција, објави Ројтерс.

Во говорот одржан вчера во Обединетите нации, Лавров ги обвини НАТО и Европската Унија дека ја користат Украина за да објават „вистинска војна“ против неговата земја.