Synology, најдобар бренд во својата класа, заедно со A&S Adria Security Summit, организираат саем во Скопје. Повик до сите компании кои се заинтересирани за ИТ решенијата во областа на сајбер безбедноста и системите за видeо надзор.
Активно учество со свој штанд на престојниот саем, Synology ќе има на 8ми и 9ти Октомври, во Хотел Александар Палас – Скопје. Овој саем на едно место, ќе ги собере врвните стручни лица и компании од областа на сајбер безбедността. Synology (www.synology.com) во оваа прилика ќе ги претстави своите решенија за заштита и управување со податоци, системи за виртуелизација на сервери како и систем за видео надзор базиран на ИП камери.
На штандот на Synology (број.72) ќе биде присутен и официјалниот дистрибутер за Македонија, ЈВСНет (www.jvsnet.com.mk), со што посетителите ќе имаат дополнителна можност да се запознаат со хардверските и софтверските решенија, технички можности, начини на имплементација како и поддршка. При тоа компаниите ќе имаат можност и за проширување на соработката на локалниот пазар.
Ги повикуваме сите заинтересирани компании кои имаат интерес за овие области, да не посетат на овој саем и да се уверат во огромните можности кои ги нуди брендот Synology. Нашиот стручен тим ќе биде на располагање и ќе Ви даде секаков вид на потребни информации поврзани со решенијата на Synology . Тука сме за насоки и совети поврзани за понатамошна соработка на секакво ниво.
Вашето присуство може да го пријавите на електронската пошта: [email protected] (ќе добиете инструкции за бесплатен билет)
Повеќе детали за настанот на официјалната страна нa организаторот: www.adriasecuritysummit.com