Мицкоски за сторијата на ИРЛ: Секој што има поврзаност со случајот за Кочани да биде изведен пред лицето на правдата

„Секој оној којшто, на каков било начин и во каква било форма има каква било поврзаност со тој случај да биде изведен пред лицето на правдата“, вели Мицкоски

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновата сторија на ИРЛ која споменува вмешаност на даночни инспектори во случајот Кочани, а не биле опфатени во обвинението, изјави:

„Благодарам, се разбира дека случајот го води Обвинителството. Јавниот државен обвинител Коцевски, таму видовте и вие, изминатиов период дванаесетина обвинители беа тие коишто работеа на овој случај. Ако е прашањето, дали сум задоволен од работата на обвинителството, мојот одговор ќе биде не сум задоволен. И токму тоа беше причината зошто поддржавме во Парламентот смена на Коцевски. А зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа смената на Коцевски, тоа е друго прашање. Така што треба, секој оној којшто, на каков било начин и во каква било форма има каква било поврзаност со тој случај да биде изведен пред лицето на правдата“, рече Мицкоски при посета на општина Градско.