Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев го обелодени еден од предизборните слогани на неговата партија. Апасиев истакна провокативна креатива за локалните избори, со зборовите „посери се на мицковизмот – гласај за Левица“.
Со перформанс во кој оставија полна торба со импровизирани пари и телевизор денеска пред Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Левица вчера официјално ја започна својата изборна кампања,
Поводот беше одлуката на Агенцијата, со која партијата остана без можност за платено политичко рекламирање.
Од Левица реагираат дека станува збор за „класична политичка цензура и преседан од невидени размери“, оценувајќи дека на овој начин им се скратува целосното политичко рекламирање и финансирање во текот на кампањата. Според партијата, одлуката не претставува само удар врз нив, туку врз демократијата во целост.