Фатен бегалец од затвор

Затвореникот е осуден на казна затвор во времетраење од пет години

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: МВР

Полицијата информира дека на 29.09.2025 во 20:55 часот во с. Бела Црква, општина Кривогаштани, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потрага и ПО Кривогаштани го лишија од слобода С.М. (31) од Штип, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица.

С.М. е осуден на казна затвор во времетраење од пет години по чл.418 ст.2 од КЗ.

Тој е предаден на Затвор Струмица.