Одлуката на АВМУ апсолутно може да влијае на изборниот резултат, може и да не поапсат ако сакаат. Но, ние тоа нема да го дозволиме, изјави денеска кандидатот за градоначалник на Левица, Амар Мециновиќ.
Тој на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање од „Локално“ дали одлуката на АВМУ за скратени финансии за рекламирање во изборната кампања ќе влијае на изборниот процес, посочи дека може да влијае и затоа повика на сплотена реакција од сите медиумски и општествени чинители, дека не смее некој кој ќе дојде до власта да прави како сака.
Како што посочи, во едно нормално здраво општество, веднаш ќе имаше седница.
-Во едно нормално здраво општество ќе имаше седница. Гаши ќе ја свикаше седницата во Собрание, ќе се донесеа измени на Изборниот законик, ако на некого во Собранието му е грижа за демократија, но очигледно не им е грижа. Тоа се партии и фирми кои единствено и само за себе мислат, а не за некакви идеали кои може ние да ги зборуваме денеска тука, рече Мециновиќ.
Најави дека изборната кампања следните 20 дена ќе ја спроведува на улица и секој скопјанец може да дојде и да разговара.
Б.Т.