Министерството за внатрешни работи на Република Српска спроведе контрасаботажна инспекција на семејниот имот на поранешниот претседател на РС Милорад Додик поради дојава за бомба.
МВР на РС изјави за РТРС дека контрасаботажната инспекција следела по дојава дека на имотот на Додик е поставена бомба.
Според неофицијални информации, прелиминарните резултати од инспекцијата укажуваат дека најверојатно станува збор за лажна тревога.
РТРС претходно објави дека полицијата во Бања Лука утрово добила лажна дојава за бомба во хотелот Палас.