Кандидатот на Левица ја сели изборната кампања на улица, секој скопјанец може да разговара со него во следните 20 дена 

Мециновиќ рече дека нема да има бини ниту микрофони, туку од сабајле до вечер ќе бидат присутни на улиците.

од Бисера Трајковска
16 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Официјален профил на Амар Мециновиќ

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ денеска на прес-конференција најави дека нивната изборна кампања во следните 20 дена потполно ќе се пресели на улица. Како што посочи, нема да има бини ниту микрофони, туку од сабајле до вечер ќе бидат присутни на улиците.

-Нема да има бини, нема да има микрофони. Ние ќе бидеме од сабајле до вечер присутни на улиците, каде што скопјани и секој поединечен скопјанец може да дојде до нас и да разговара. Ова ќе го потенцирам, затоа што во изминативе два месеци ПР куќите кои ги советуваат поголемите партии, им рекоа да излезат на улица и да прибираат препораки од граѓаните. Еве сега конечно имаат програма која им ја кажале граѓаните, рече Мециновиќ.

Најави дека изборната кампања ќе ја спроведуваат во отсуство на рекламирање на медиумите, сепак посочи дека одлуката на АВМУ е само чекор кој наговестува авторитарен режим.

Б.Т.