„Сметам дека е добро што оваа предлог-резолуција е отстранет овој услов бидејќи тоа ме потсетува на старата поговорка „се налутил попот на селото, па се пресекол“. Сметам дека овој вид на резолуции се добри и ги развиваат дебатите и бараат излез од ситуацијата и ја реструктуираат политичката опозиција, наметнуваат одредени цели и претставување градење на проевропска стратегија“, вели поранешниот амбасадор и дипломат од кариера, Нано Ружин по повод предлог-резолуцијата со црвени линии од страна на СДСМ за одблокирање на европскиот пат на Македонија.
Во разговор за „Локално“, тој истакнува дека колку и да е некоја иницијатива добра и колку и да се бара разбирање и соработка за националните интереси, секогаш власта одговарала негативно, била индиферентна или се мешале ботовите и таквата идеја ја испревртувале.
-Иако во Скопје нема голем ефект, во Брисел наидува на позитивен прием. Осмислено и разговарано е веројатно со меѓународната заедница. Мислам дека во овој контекст опозицијата нема аргументи да поставува услови затоа што секој поставен услов кој што е на таков начин афирмиран, не ѝ оди во полза на опозицијата. Тешко се доаѓа до национален консензус, посочува Ружин.