Малолетник се обидел да го убие својот татко

Полицијата интервенирала на местото на настанот, а целиот случај е целосно документиран

од Nikola Popovski
11 прегледи

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело – убиство во обид.

Инцидентот, според Министерството за внатрешни работи (МВР), се случил на 6 септември годинава во семејниот дом на малолетникот, кој со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на својот 51-годишен татко.

Полицијата интервенирала на местото на настанот, а целиот случај е целосно документиран.