Фредериксен предупредува: Дроновите се само почеток, ситуацијата ќе се влоши

Во интервју за данските медиуми, таа ја повика Европа подетално да размисли што значи новата безбедносна ситуација за континентот и како треба да одговори за да се спротивстави на заканата.

од Vladimir Zorba
5 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ЕУ Дебати

Данската премиерка Мете Фредериксен денес предупреди дека неодамнешното појавување на беспилотни летала во данскиот воздушен простор е „само почеток и дека ситуацијата ќе се влоши и ќе стане многу посериозна“.

Во интервју за данските медиуми, таа ја повика Европа подетално да размисли што значи новата безбедносна ситуација за континентот и како треба да одговори за да се спротивстави на заканата.

Данската премиерка рече дека ситуацијата во Европа потсетува на периодот меѓу двете светски војни во 20 век, бидејќи континентот се соочува со закани што произлегуваат од „вистинската војна“ во Украина, што вклучува нов вид поширока хибридна војна што се води против земјата.