Се намалуваат работните места во индустријата

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.6 % во август 2025 во однос на август 2024 година

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.6 % во август 2025 во однос на август 2024 година

Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 1.7 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2025 година, во однос на август 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1.8 %, Капитални производи за 7.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.2 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 7.3 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, се намалил за 3.8 %.