Прегазен пешак на кружен тек во Скопје

Со тешки телесни повреди се здобил пешакот Љ.В. (54) од кумановско

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Принтскрин

Полицијата информира дека вчера околу 17:14 часот, на кружниот тек на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки удрило во пешак.

Возилото било управувано од Џ.И. (52) од селото Долно Количани, скопско, а во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Љ.В. (54) од селото Агино Село, кумановско. Повредите му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

-Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, појаснува МВР.