Ристески: Повеќекратно ќе се зголемат казните за прекршување на Законот за нефер трговски практики

Ристески денеска имаше средба со бизнисмените од прилепската регионална стопанска комора.

од Vladimir Zorba
23 прегледи Фото: Фејсбук профил на Марјан Ристески

Има предлог, кој со сигурност ќе го прифатиме за повеќекратно да се зголемат казните, од сегашните 20 000 евра, за непочитувањето на Законот за нефер трговски практики, најави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Ристески денеска имаше средба со бизнисмените од прилепската регионална стопанска комора.

-Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме за поголемо почитување на Законот за нефер трговски практики е зголемувањето на казнената политика. Предлогот е сегашната казна од 20 000 евра повеќекратно да се зголеми што и не е многу со оглед што станува збор за големи супермаркети и трговски компании во земјава. Инаку, ги охрабрувам компаниите од регионот, посебно за производство на храна, да пријавуваат законски прекршувања до КЗК, изјави Ристески.