Апасиев: Цензурирани сме од Мицкоски, Левица се факторизира како втора партија во државата

Цензурирани сме од премиерот Мицкоски, од медиуми: од телевизии, радија, весници, интернет портали и друго. Сето тоа е забрането за една регистрирана и легитимна политичка партија, за првпат во плуралистичка Македонија, изјави вечерва претседателот на Левица, Димитар Апасиев

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Овие избори класична кампања нема да имаме затоа што сме цензурирани. Цензурирани сме од премиерот Мицкоски, од медиуми: од телевизии, радија, весници, интернет портали и друго. Сето тоа е забрането за една регистрирана и легитимна политичка партија, за првпат во плуралистичка Македонија, изјави вечерва претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на средба со граѓани во Велес

Левица за првпат, вели тој, има шанси во некои општини да биде втора партија, веднаш зад ВМРО-ДПМНЕ, што значи дека се факторизира како втора партија во државата.

-Мислам дека тој налет, којшто сега, за среќа, се поклопува со овие избори, е незапирлив, без оглед на тоа какви опструкции прават. Левица нема да има рамноправен старт, но дијалектички ние ќе го постигнеме историскиот максимум. А тоа е – ќе одиме на над 70.000 гласа, коишто ги освоивме на Парламентарните избори, порача Апасиев.