Српскиот премиер Мацут доаѓа во прва официјална посета на Македонија

Мацут ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со вицепремиерот Иван Стоилковиќ

од Nikola Popovski
30 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на српската Влада

Премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, утре, 3 октомври, ќе престојува во работна посета на Република Македонија, соопшти Канцеларијата за соработка со медиумите при Владата на Србија.

По тој повод, премиерот Мацут ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со вицепремиерот Иван Стоилковиќ, се вели во соопштението.

Тој доаѓа во прва официјална посета на земјава.

Во април годинава, Мацут официјално ја презеде функцијата претседател на Владата на Србија од претходниот премиер Милош Вучевиќ.