Јорданов: Македонија сама се откажува од европските интеграции

„Проблемот е што дел од македонските политички елити им служат на интересите на Белград. Затоа се создаваат вештачки пречки за да се чини дека надворешен фактор како Бугарија ја запира Македонија“, нагласува Јорданов

од Nikola Popovski
57 прегледи Фото: Принтскрин

Поранешниот бугарски амбасадор во Македонија и екс-европратеник Александар Јорданов, изјави дека Македонија не ги исполнува своите обврски за членство во Европската Унија и го блокира сопствениот европски пат.

„Јас лично го познавам премиерот Христијан Мицкоски, тој постојано се искачува на врвот на дрскоста. Треба да се потсети на зборовите на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, дека влезот во ЕУ зависи исклучиво од заслугите на кандидатите“, рекол Јорданов во изјава за „Еуроњуз Бугарија“.

Според него, главниот елемент во францускиот предлог е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија – услов кој е, како што вели добро познат и не треба да се заобиколува.

„Проблемот е што дел од македонските политички елити им служат на интересите на Белград. Затоа се создаваат вештачки пречки за да се чини дека надворешен фактор како Бугарија ја запира Македонија“, нагласува Јорданов.