„Кумовската тајфа денеска во Куманово го прошета нивниот шеф Венко Филипче – човекот со златна виза од Дубаи и најголемиот распродавач на државните интереси. Филипче, без око да му трепне, во стилот на народната „Крадецот вели – држете го крадецот“ искажа еден куп лаги и инсинуации на сметка на лидерот на ЗНАМ и актуелен градоначалник Максим Димитриевски“ – ваква е реакцијата на владеачката партија откако лидерот на СДСМ денеска порача дека „Димитриевски го изгубил кредибилитетот, со тоа што наместо да се бори против криминалот и корупцијата, „седна во скутот на власта и ги поддржува сите политики на ВМРО-ДПМНЕ“.
Отааму истакнуваат дека лага е дека пазарот во Куманово ќе се продава.
-Зборови што ги искажа Филипче додека до него седеа луѓе од СДСМ кои партиски се вработени таму и кои се најодговорни за катастрофалната состојба во која се наоѓа градскиот пазар а денеска еден од нив е носител на нивната листа за советници, други веќе офајдени пензионери а трети среќно вдомени во претпријатието кое влече долгови од периодот кога СДСМ му го одстапи на кадри на ДУИ кападахиски да го управуваат и разграбуваат. Максим Дмитриевски – нема да го продаде пазарот – туку целосно ќе го реконструира и ќе го направи достоинствено место и за продававачите и за купувачите, по пат на јавно-приватно партнерство.
Второ, многу ни е драго што Филипче го спомена и Лидл – тоа е огромна странска директна инвестиција со големо влијание во економскиот живот и во Куманово и во Македонија. И, тука се гледа кој е вистински а кој е лажен патриот. Вистинскиот патриот – Максим Димитриевски носи странски инвестиции во Куманово, а лажниот патриот Венко Филипче заедно со неговиот ментор Зоран Заев ги носи украдените пари од времето кога го „дрмаше“ македоското здравство и инвестираат заедно во Дубаи. Впрочем и јавноста имаше можност да види како заедно се забавуваат во еден од најекслузивните светски центри, велат од ЗНАМ.
Понатаму во реакцијата се додава дека движењето и Димитриевски се „автентична политичка сила која за неполни две години покажа дека прераснува во незаобиколен фактор на одлучување за сите важни државни прашања“.
-Ние не ги распродаваме националните и државните интереси, ние не си играме со македонските „црвените линии“‘ во спорот со Бугарија како со гума за џвакање, ние не го уништуваме македонскиот национален идентитет. Ние сме се и правиме се спротивно од тоа. Тоа го докажавме во претходните години во Куманово и во владата, откако сме дел од неа. И, затоа ќе победиме и во Куманово и во Центар и насекаде каде имаме кандидати за совдетнички листи.
Венко Филипче нека не се надева на некаков си успех на локалните избори. СДСМ ќе доживее катастрофален пораз, по кој тој најверојанто ќе се подготви за итно бегство од државата за да не заврши в затвор, порачуваат од ЗНАМ.
Претходно Филипче од Куманово рече дека „Куманово не заслужува уште еден мандат на Димитриевски, а Мартин Костовски е вистинскиот избор за граѓаните“.