Владата на Бугарија на денешната седница ќе го одобри договорот со Република Северна Македонија за изградба на заедничкиот прекуграничен тунел – дел од Коридорот бр. 8, кој ќе ги поврзува двете земји, пренесе БНР.
Објектот е клучен елемент, а документот ќе ја регулира неговата подготовка, изградба и работење.
Вицепремиерот и министер за транспорт Гроздан Караџов најави дека меѓувладиниот договор треба да биде потпишан на почетокот на ноември.